За Нас

ASA TOUR

Прв Македонски Туроператор

Зад ова кратко име и лого, се осликува акроним зад кој стојат трите реномирани домашни туристички агенции: Аурора Турс, Савана и Атлас Корпорејшн

Долгогодишното поединечно и заедничко искуство во туроператорското работење на македонскиот пазар, потврдено со низата успешни проекти пред домашната јавност, дополнително ја оправдува иницијативата да ја заокружат досегашната соработка и искуства со формирање на единствена туроператорска фирма.

Целта за отварањето на овој туроператор е консолидација на туристичкиот пазар, проширување на туристичката понуда и нејзина поширока достапност до крајните корисници – патниците, како и заштита од несигурна туристичка понуда од непознати и непроверени субјекти.

Како секој вистински туроператор, продажбата на туристичките аранжмани и услуги се врши преку нашата партнерска мрежа со голем број на туристички агенции ширум цела Македонија (над 100 продажни партнер агенции).