TITANIC DELUXE BELEK – Нова Година 2018

Локација:
Хотелот се наоѓа на 40км од центарот на Анталија, а на 30км од аеродромот во Анталија. Се состои од главна зграда на пет ката, двоспратни блокови во кои се наоѓаат Familly pool апартмани, како и вили на еден кат.

Сместување:
Хотелот располага со 600 различно дизајнирани и модерно опремени соби, кои на гостите на хотелот би им пружиле елитен, релаксирачки и незаборавен одмор. Собите се опремени со доста конфортни кревети, централна клима, балкон, плазма телевизор, сателитска ТВ, мини бар, бесплатен WI-Fi.

Услуга:  HC AI

Плажа:
Хотелот поседува сопствена песочна плажа со бесплатни лежалки, чадори и пешкири за гостите на хотелот. Плажата од хотелот  е оддалечена 1км, и до неа може да се стигне со shutle bus , кој е бесплатен за гостите кои престојуваат во овој хотел.

Содржини:
Хотелот поседува еден главен ресторан, 6 а ла карт ресторани (рибен ресторан, италијански, турски, скара-бар, ресторан „Privado”, и ресторан „ Boat”)  и 13 барови. Во склоп на хотелот се наоѓаат 6 базени, од кои еден е Олимписки и 1 со морска вода, 4 тобогани, бизнис центар, 4 конференциски сали, WI-FI.

Спорт и забава:
Хотелот за своите гости нуди разни активности како: спа центар, аеробик, сауна, турска бања, масажа, теретана, сервис за перење алишта, хемиско чистење, лекарски услуги, разни спортски активности, како: одбојка и фудбал на плажа, куглање, тенис, кошарка, куглање, пикадо, дискотека, аниматорски програми, како и разни забави со музика во живо. За децата од 0-17 години хотелот нуди разни забавни активности, како: водени активности во посебен базен за деца, театар, музички активности и др.

Спа ценатар:
Хотелот поседува и спа центар кој е распространет на 13.000 м2 кој на своите гости им нуди незаборавно искуство исполнето се релаксација мир и тишина. Овој спа центар на располагање ви нуди : внатрешен базен со површина од  300 м2 , 4 мали детски базени со температура од 20,25,30 степени целзиусови, базен со топла  минерална вода, турска бања и егзотични  комори за релаксација каде што ќе може да се освежите со топол или ладен пијалок од витаминскиот бар кој е во склоп на спа центарот.

Галерија

Програма на патување