ТАЈЛАНД – НОВА ГОДИНА 2018 – Авион

Тајланд е земја која се наоѓа зад магичното огледало, која е сосема поинаква од нашата реалност, прекрасна во својата  разноликост, бојата, мирисот и страстa …Народот, природата, храната, преставува посебно доживување под тропското небо. Таму се цвета со  посебен сјај кој се памети многу долго. Тајланд се наоѓа во централниот дел на Индокина и граничи со Малезија, Камбоџа, Лаос и Мјанмар. Исто така позната е како земја на орхидеи, мистични реки,  тропски шуми и прекрасни Будистички храмови како и  пријателски расположени и насмеани луѓе. PHUKET – Некогаш изолиран и малку населен остров, Пукет бргу прераснува во модерна и луксузна туристичка дестинација која е денес посетена од огромен број на туристи од целиот свет. Овој тропски рај е вистинско место за љубителите на песочни плажи, чисто и топло море и богат природен диверзитет. Покрај изобилството на убави плажи, море и сонце, Пукет нуди и други интересни вредности како будистички храмови, живописни локални места, ресторани, забава и богат ноќен живот.  Климата на островот е тропска со висока температури во текот на целата година и висока влажност во воздухот. Ова  незборавно, лесно патување ќе ви донесе многу интересни информации, забава и уживање, кои ќе ви останат во трајни спомени.

SEAVIEW PATONG HOTEL, PHUKET TAILAND
SEAVIEW PATONG HOTEL е лоциран на 40 км од аердромот во Пукет, и 15 км од центарот на Пукет, во непосредена близина до плажата, доволно далеку од метежот и вревата за да уживате во тропскиот одмор, како и фантастично место за цело семејство. Постојат многу работи кои што може да се направат во Seaview Patong Hotel можете да уживате покрај убавиот базен, да ја вкусите традиционална храна, или пак да уживате во познатата тајландска масажа во спа и фитнес центар. Искористете ги деновите за да се релаксирате под сонцето, со многу бројни  вкусни пијачки, а истотака можете да ја дегустирате лоакалната и интернационална кујна во ресторанот кој се наоѓа покрај базенот. Samunprai  Spa ви нуди прекрасни масажи и третамни за релаксиран одмор. Хотелот истотака нуди 2 отворени базени за возрасни и еден за деца, салон са убавина, wifi, доктор( со повик.). Хотелот располага со соби кој што се дизајнирани според тајландскиот стил, со топли бои и дрвен мебел. Удобни соби и апартмани со квалитетни душеци за мирен сон, приватни балкони и бањи со кади и тушеви.

Галерија

Ценовник

SEAVIEW PATONG HOTEL 4*

PHUKET

ВРЕМЕ НА ПРЕСТОЈ   28.12.2017 –
07.01.2018
УСЛУГИ BB
НОЌЕВАЊА 9
Цена по лице во двокреветна соба 1199 €
LAS MINUTE Цена по лице во двокреветна соба 999 €
Доплата за еднокреветна соба 505€

Цените се во Евра а плаќањето ќе се врши исклучиво во денари по курс од 62мкд за 1€

Oпштите услови за патување на АСА ТУР и СКТМ се составен дел од овај аранжман

Програма на патување

Забелешки