ROYAL HOLIDAY PALACE – Нова Година 2018

Локација:
Се наоѓа на  15 км од аеродромот на Анталија и на 17 км од центарот на Анталија.

Сместување:
Располага со вкупно 606 соби. Супериор  соби 461  (46 м²;поглед на море,страничен поглед на море или поглед на копно, максимален капаците 3+1),56 фамилијарни соби(60 m2 две поврзани спални соби, физички оделени со врата,максимален капаците 4 озрасни) 47 дуплекс соби(75 м2, две спални соби на два спрата,со посебни тоалети, максимален капацитет 4 возрасни ),24 делукс свитови(85 м2 две спални соби 1 дневна соба,повеќето соби од овој тип имаат и џакузи.Поглед на копно, максиален капацитет 4 возрасни) 8 свит – соби (60 м2, една спална и една двевна соба, максимален капацитет 2+1, поглед на копно), 2 triplex suite(114 m2 , на 3 ката.На најгорниот кат спална соба со француски лежај тоалет со када, на 2-от кат спална соба со 2 поединечни кревети со тоалети на1 –от кат дневна соба . Максимален капацитет 2+2. Поглед на копно)  2 king suite(180 м2 , 2 ката 2 спални соби, 2 бањи,џакузи дневна соба и кујна.Максимален капацитет 2+2.Поглед на море) Сите соби се со купатило со када, туш кабина и фен, централна клима која работи соодветно со временски услови, телефон, простор за седење, мини бар (вода, безалкохолни пијалоци и пиво се дополнуваат секојдневно), електричен бокал, сет за кафе и чај, сеф, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон. Сите соби се за непушачи. WI-FI интернет конекција.

Услуга:
UAI – ултра се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, вечера, ноќна ужина, диетална храна, храна за деца, снек ресторани и ресторани во текот на денот. Сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци и стандардни увозни пијалоци , слаткарница,A‘la Carte ресторани (Vapiano,Hashi,Lal,El Torito) со претходна резервација и само еднаш за време на престој. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, увозен шампањ, свежо цедени овошни и сокови од зеленчук, флаширани пијалоци, A‘la Carte ресторани, собна услуга.

Содржини:
Главен ресторан-шведска маса, ресторан за доцен појадок(лоби) ресторан за турски традиционални пецива, A‘la Carte ресторани: Vapioano –Италијанска кујна, Hashi -кујна од Далечниот Исток, Lal – турски скара ресторан,Еl Torito – мексикански ресторан, 6 барови меѓукои 2 лоби барови, 1 витамински бар покрај внатрешниот базен,диско бар и куглана –бар. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, шопинг центар дополнително се наплатуваат, WI-FI интернет  во лобито е бесплатен.

Спорт и забава:
За вашиот престој во текот на зимскиот период хотелот нуди внатрешни базени за возрасни и за деца. Базенот за возрасни се простира на 300 м2 и со длабочина од 140 цм, додека детскиот базен зафаќа површина од 16 м2. фитнес центар, Турска бања, сауна, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка, одбојка на плажа, пикадо. Масажа, Spa центарот, салон за убавина, осветлувањето за тениските терени, часови по тенис, рафтинг, школата за нуркање, билијард, водени спортови се наплатуваат. Забавна програма во текот на денот, натпреварувања покрај базен и на плажа , специјален тим за анимации, жива музика неколку дена во недела. Мини клуб за деца, специјален тим за анимации.

Спа и велнес ценатар:
Хотелот располага со спа центар кој на своите гости може да им понуди : турска бања, сауна, парна бања,џакузи, масажа, третмани за нега на кожа и тело и соба за релаксација.

Галерија

Програма на патување