РИМ – НОВА ГОДИНА 2018 – Авион

Сите патишта водат во РИМ… И навистина е така. Овој град секојдневно го чувствува тоа. Mилионите туристи кои постојано го посетуваат градот, се уверуваат во фактот дека тој има одбележано една цела епоха во светската историја. Попознат како “Римското царство”, овој период од светската историја и денес е видлив благодарејќи им на мноштвото споменици кои сочувани од забот на времето сеушт го красат овој град. Тој, едноставно речено е музеј на отворено. Неговото значење, во времето кога сеуште се дефинирала новата европска и светска цивилизација е навистина големо. Напуштањето на паганството и прифаќањето на христијанството, е можеби пресудниот момент за неговото добивање на вечно место во светската историја. Седиштето на “светата столица” на една од најголемите светски религии (католичка-христијанска) т.е. државата Ватикан е токму тука – во самото срце на Рим. Да го посетите вечниот Град – Рим, а да не го доживеете Ватикан, е невозможно. Ватикан е величествен спој на христијанска духовност, совршена архитектура, генијални уметнички дела. Разгледот опфаќа посета на Плоштадот Свети Петар, истоимената Базилика, Ватиканските Музеи, Сикстинската Капела. Ватикан се наоѓа на десниот брег на реката Тибар и денес е најмалата држава на светот. Сред огромниот плоштад Св.Петар се издига најголемата црква на светот, Базиликата Св.Петар. Таа постои речиси колку и христијанството, а нејзината златна внатрешност ја красат најпознатите мозаици, фрески и скулптури во светот, како статуата Пиета на Микеланџело. Ватиканските Музеи и Сикстинската капела ќе ве остават без зборови. Едноставно, фасцинантно! Пред базиликата се наоѓа познатата Колонада на Бернини. Застанете во центарот на плоштадот и оттаму следува изненадувачка глетка, доказ за архитектонската совршеност. Не пропуштајте ја ожноста да фрлите поглед на плоштадот Св.Петар од Куполата, која е дело на Микеланџело. Глетката е величенствена: целиот Ватикан и седумте римски ридови на дланка! За крај, препорачуваме прошетка од Ватикан до Castel Sant’Angelo. Оттаму, восхитувајте и се на реката Тибар чекорејќи по Мостот на Ангелите… Дозволете си празник за очи! Посетата на средновековното гратче Тиволи, градината на Вила Д’Есте и нејзините величествени фонтани е еден од најпознатите разгледи на околината на Рим. Дозволете си празник за очи! Посетата на средновековното гратче Тиволи, градината на Вила Д’Есте и нејзините величествени фонтани е еден од најпознатите разгледи на околината на Рим. Вила Д’Есте – Тиволи претставува вистинско ремек-дело. Луксузните градини се совршена околина за имагинативните архитектонски форми на илјадниците фонтани. Градината се наоѓа во сугестивниот Тиволи, предел кој ќе ве маѓепса со својот пејсаж – симбол на вечната борба меѓу каменот и водата. Импонзантните градби потсетуваат на Вавилонските Градини, а скротувањето на водата на умешноста на Римјаните. Тиволи е прекрасно доживување! Видете зошто Франц Лист инспирацијата за неговото познато дело Игри со Вода ја пронашол токму во Тиволи…

Галерија

Програма на патување

Забелешки