PAPILLON AYSCHA HOTEL – Нова Година 2018

Локација:
Овој луксузен хотел се наоѓа на само 4км од центарот на Белек, и на 35км од аеродромот во Анталија.

Сместување:
Хотелот располага со вкупно 363 соби, кои со својот модерен дизајн и удобност ветуваат незаборавен одмор. Сите соби се опремени со клима, ТВ, телефон,купатило, фен, бањарки, сеф и апарат за кафе/чај.

Услуга:
High class All inclusive

Плажа:
Хотелот се наоѓа на плажа

Содржини:
Во склоп на хотелот се наоѓа еден главен ресторан, 5 а ла карт ресторани (италијански, медитерански, мексикански, турски и кинески), како и неколку разновидни барови.

Спорт, забава и велнес:
Во склоп на хотелот има повеќе базени од кои е еден внатрешен, аква парк со 6 тобогани, за комплетно уживање на сите гости од различни возрасти. За најмалите има мини клуб, како и добро обучен персонал за анимација и организација на друштвени едукативни и забавни игри, како и мини диско. Хотелот поседува прекрасен спа центар, кој нуди разни масажи, сауна,џакузи, турска бања,третмани за лице и тело, а на гостите им е овозможено да се занимаваат со различни спортови на вода, како и гимнастика, кошарка, фидбал, тенис итн.

Галерија

Програма на патување