НОВИ САД – НОВА ГОДИНА 2018 – Автобус

Нови Сад е главен град на северната српска покраина Војводина и административен центар на Јужно-бачкиот округ. Нови Сад е поврзан со предградијата Сремска Каменица и Петроварадин, кои заедно со 13 други населени места (меѓу кои, Футог, Ветерник, Лединци и Буковац) се дел од новосадската општина. Нови Сад е втор по големина град во Србија, по Белград. На најновиот попис од 2010, градот има урбано население од 299.294‏, додека населението на општината е 388.490. Градот се наоѓа на границата помеѓу регионите Бачка и Срем, на брегот на реката Дунав и каналот Дунав-Тиса-Дунав, притоа гледајќи на северните падини на планината Фрушка Гора. Надморската височина на рамничарскиот дел на градот е од 72 до 80 метри, а градот се наоѓа помеѓу 1.252 и 1.262 километар од течението на Дунав. Уште од формирањето во 1694, Нови Сад е центар на српската култура и го добил прекарот Српска Атина. Денес, Нови Сад е голем индустриски и финансиски центар на српската економија; а исто така е еден од најголемите градежни локации во регионот.

Галерија

Програма на патување

Забелешки