МАДРИД – НОВА ГОДИНА 2018 – Авион

Главниот град на Шпанија, Мадрид, важи за еден до најубавите европски градови, со фасцинантна архитектура, голем број на културни атракции и туристички дестинации кои едноставно ќе ве остават без здив. Мадрид е и најголемиот град на Иберискиот Полуостров а со своите окулу четири милиони жители, бурната историја и богатата традиција се вбројува во најубавите Европски метрополи. На современиот турист Мадрид може да му понуди многу нешта, почнувајќи од велелепните и импресивни плоштади (Puerta del Sol, Plaza Mayor, Cibeles), широките булевари (Grand Via, Opera, Plaza Mayo), многубројни музеи (Prado, Reina Sofia, Thyssen-Bornemisza, Pomorski muzej) , прекрасните паркови меѓу кои би го истакнале Retiro со  емалите  вештачки езерца, па се до големиот број на ресторани, барови и дискотеки со богат ноќен живот

Галерија

Програма на патување

Забелешки