DELPHIN PALACE DE LUXE – Нова Година 2018

Локација:
Хотелот е лоциран на 10 км од аеродромот на Анталија и 15 км од центарот на Анталија.

Сместување:
Хотелот располага со 485 стандардни  соби(28 – 31 м2 , 1 француски лежај, 1 единечен и 1 софа, максимален капацитет 2+2 или 3+1), 42 фамилијарни соби(45 м2, две спални соби .Максимален капацитет 3+2 или 4+1), 24 џуниор свитови(36 м2, една спална соба , 1 француски лежај, 1 единечен лежај и 1 софа, максимален капацитет 3 или 2+1, балкон со поглед на море) и 6 соби за хендикепирани .Сите соби се со купатило со када, туш кабина и фен, централна клима која работи соодветно со временски услови, телефон, простор за седење, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон. Сите соби се за непушачи. WI-FI интернет конекција.

Услуга:
UAI – ултра се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, вечера, ноќна ужина, диетална храна, храна за деца, снек ресторани. Сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци и стандардни увозни пијалоци , слаткарница, A‘la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престој. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, увозен шампањ, свежо цедени овошни и сокови од зеленчук, флаширани пијалоци, A‘la Carte ресторани, собна услуга.

Содржини:
Главен ресторан-шведска маса, 7 A‘la Carte ресторани: Ottoman Restoran – Турска кујна,Helen – грчка кујна, Dolce Vita– италијанска кујна , Pekin – кинески ресторан, Dragon- Јапонски ресторан, Мargarita – Mексикански ресторан и   Blue fish – рибен ресторан.Хотелот исто така нуди и 7  барови распоредени низ хотелскиот комплекс и еден диско клуб. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, шопинг центар дополнително се наплатуваат, WI-FI интернет  во лобито.

Спорт и забава:
Надворешен базен, релакс базен, базен со тобогани Внатрешен базен на површина со длабочина од 1,40м.и детстки внатрешен базен..Козметички салон, Турска бања, Клеопатра бања со млеко, џакузи, разновидини масажи сауна, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка, часови по тенис, билијард,фитнес центар, аеробик, курсеви по танцување, забавни програми со традиционални танци,разноврсни  натпревари, музички програми, мини клуб за деца од 4 до 12 години,луна парк забава за најмалите и мини диско.

Спа и велнес ценатар:
Хотелот располага со спа центар кој на своите гости може да им понуди : турска бања, сауна, парна бања,џакузи, масажа, третмани за нега на кожа и тело, клеопатра бања со млеко и фитнес центар.

Галерија

Програма на патување