DELPHIN DIVA PREMIERE – Нова Година 2018

Локација:
Хотелот е лоциран на 10 км од аеродромот на Анталија и 15 км од центарот на Анталија.

Сместување:
Хотелот располага со вкупно 462 соби сместени во една главна зграда на 6 ката,Стандардни  соби(26-30м2,1 француски лежај и 1 поединечен , максимален капацитет 3+1 или 2+2); фамилијарни дуплекси(47 м2,на 2 спрата- на 1спрат една спална со француски лежај + 1 поединечен лежај и тоалет , на 2-ор спрат 1 спална со  француски лежај и сопствен тоалет).Максимален капаците 4+1 или 3+2); фамилијарни соби(37 м2, 2 спални соби.Една спална со 1 фрацуски лежај, другата спална соба е опремена со 2 поединечни лежаи.Максимален капаците 3+2 или 4+ 1) .Сите соби се со купатило со када, туш кабина и фен, централна клима која работи соодветно со временски услови, телефон, простор за седење, сателитска телевизија и музички канали, ламинатен под, балкон. Сите соби се за непушачи. WI-FI интернет конекција.

Услуга:
UAI – ултра се вклучено-шведска маса за појадок, ручек, вечера, ноќна ужина, диетална храна, храна за деца, снек ресторани. Сите домашни алкохолни и безалкохолни пијалоци и стандардни увозни пијалоци , слаткарница, A‘la Carte ресторани со претходна резервација и само еднаш за време на престој. Не е вклучено: луксузни увозни пијалоци, увозен шампањ, свежо цедени овошни и сокови од зеленчук, флаширани пијалоци, A‘la Carte ресторани, собна услуга.

Содржини:
Главен ресторан-шведска маса, 7 A‘la Carte ресторани: Мargarita Restoran – Мексиканска кујна, ,  Pekin – кинеска кујна, Dolce Vita – италијанска кујна,  Dragon – јапонска храна, La Parisien, Le Kebab – турска кујна и  Blue Fish– рибен ресторан.Хотелот исто така нуди и 8 кафе и снек барови. Доктор, чување деца, перална и хемиско чистење, телефон, факс, интернет, компјутерски игри, rent a car, фризер, салон за убавина, шопинг центар дополнително се наплатуваат, WI-FI интернет  во лобито.

Спорт и забава:
Голем надворешен  базен на површина од 2321 м2 со длабочина од 1,40м, базен со тобогани,релакс- базен детски базен и 1 внатрешен со површина од 135 м2. Козметички салон, Турска бања, џакузи, разновидини масажи сауна, соба со пареа, тениски игралишта, кошарка, одбојка, часови по тенис, билијард,фитнес центар, аеробик, курсеви по танцување, забавни програми со традиционални танци,разноврсни  натпревари, музички програми.

Спа и велнес ценатар:
Хотелот располага со спа центар кој на своите гости може да им понуди : турска бања, сауна, парна бања, , масажа, третмани за нега на кожа и тело, и фитнес центар.

Галерија

Програма на патување