АТИНА – НОВА ГОДИНА 2018 – Автобус

Додека за многумина Грција ја крие мистиката на митологијата проткаена во сета нејзина историја, нејзиниот главен град – Атина, најмногу придонесува вистински да ја почуствувате. Легендата вели дека Атина го добила името во “војна” помеѓу две божества. Посејдон – богот на морето и Атина – божицата на мудроста. Во таа борба на докажување, Посејдон му подарил на градот извори на вода кои потекле од камениот Акропол и коњ кој требал да го води градот во војна. Атина, тогаш му подарила на народот маслиново дрво (кое и денес живее на Акропол), а со тоа и сите благодети кои тоа дрво ги дава. Се подразбира, победила Атина па така и градот го добил нејзиното име. Неповторливо е искуството да се биде на Акропол од каде ја гледате Атина на дланка. Долу гледате во старата Плака, атинската Агора, Зевсовиот храм, Академијата… потаму низ улиците на Атина, ја живеете нејзината историја. Доколку посакате повеќе, заминувате да ја запознаете модерната Атина. Уживате во прошетките покрај Аполоновото ктајбрежје, низ Пиреа… каде Атина блеска сосема поинаку. Дозволете си вкусна риба со чаша вино и уживајте во зајдисонцето. Посетете ги и пазарите, уживајте во сочното јужно овошје и во зима, пред да завршите на познатата улица Ерму. Вашиот престој секако ќе го збогатите и со посета на полуостровот Пелопонез. Покрај Атинското крајбрежје, прво го посетуваме Коринт и познатиот Коринтски канал кој ги поврзува Јонското и Егејското Море, а го разделува Пелопонез од Грчкото копно. Кратката пауза на стариот мост ке ви даде можност да се воодушевувате на височината под вас. Преку благите планински предели, продолжуваме кон археолошкиот локалитет Епидаурус, познат големиот амфитеатар – уникатен по својата акустичност. По посетата на театарот и тамошниот музеј, продолжуваме кон Нафплион – првиот главен град на модерна Грција. Името го добил по Нафплион, синот на богот Посејдон. По кратката прошетка низ тесните и разиграни улички низ градот, како и евентуалната посета на некој од многубројните рибни ресторани, продолжуваме кон Микена – “Градот на Златото”.Во древниот град на митскиот крал Агамемнон, ќе имате можност да ја погледнте познатата Лавовска порта, остатоците од гробот на Агамемнон и големите ѕидини… Ноќта во Атина најубаво се доживува на Плака, во некоја од многуте Грчки таверни. Една од најстарите таверни во Атина, е сместена во срцето на Плака – најстариот дел на градот, под самиот Акропол. Тука е  вистинското место да ја пробате  традиционалната грчка кујна и да уживајте во звуците на Бузуки и танцот Сиртаки… Обидете се да го почуствувате духот на Гркот Зорба!

Галерија

Програма на патување

Забелешки