ASKA LARA RESORT & SPA – Нова Година 2018

Локација:
Хотелот се наоѓа во областа Лара, 12км од аеродромот во Анталија и на 12 км од центарот на Анталија.

Сместување:
Сите соби се со купатило со туш кабини, фен, клима сплит систем, телефон, мини бар, (со вода, безалкохолни пијалоци и пиво се надополнува секојдневно), електричен бокал со сет за кафе и чај, сеф (се наплаќа), ламинат на подот, сателитска ТВ и музички канали, WI-FI интернет конекција (бесплатно), балкон.

Услуга:
UAI – Ултра Се вклучено-шведска маса за појадок, доцен појадок, ручек, вечера, ужини во текот на денот и во вечерните часови, сите локални и стандардни увозни алкохолни и безалкохолни пијалоци, сладолед во одредени часови од денот. Во цената не е вклучено: специални увозни пијалоци, флаширани пијалоци, специјални вина, увозни вина, свежо цедени сокови, услуга во соба, A’la Carte ресторани со претходна резервација.

Плажа:
Хотелска плажа со песок и камчиња, на 350м од хотелот (се преминува преку улица). Лежалки на плажа, чадори за сонце и пешкири за на плажа се бесплатни. Бесплатен превоз од хотел до плажа на секои 15 мин.

Содржини:
Главен ресторан со шведска маса, A’la Carte ресторани: Mozaik-Турски, La Perla- Италијански, Missina- рибен и Mandarin-Кинески ресторани, барови низ целиот хотелски комплекс. Доктор, чување деца, телефон, факс, интернет и компјутерски игри, продавници, rent a car, дополнително се наплаќаат. Бесплатен Wi-Fi интернет во хотел и во собите.

Спорт и забава:
Отворени и затворени базени за возрасни и деца, Аква парк со девет лизгалици, тениски игралишта, турска бања, парна бања, сауна, кошарка, одбојка на плажа, пикадо, пинг понг, фитнес центар. Во цената не е вклучено: спортови на вода, билијард, опрема и часови за тенис, сите видови на масажа и третмани во Спа центарот, забавен парк. Забавни програми со анимациски тим преку ден и во вечерните часови.  Мини клуб за деца од 3 до 12 години.

Галерија

Програма на патување